(ВИДЕО) Референдумот успешен, за Додик Република Српска е држава

Од:

Претседателот на Република Српска, Мирослав Додик го прогласи референдумот за успешен од Пале и порача дека Српска е држава.

-Овде се почна и овде мора да биде одбележано. Далечната 1992 година бев еден од тие кои одлучуваа за тоа како да се направи република. Јас сум сведок на тоа. Во ноември 1991 година во Сараево донесовме одлука и формиравме српска република, а овде на Пале на 9 јануари 1992 година е формирана Република Српска, пред војните, пред страдањата.

Никој, никогаш во историјата на овој народ тој факт нема да го избрише, ниту тоа може да го направи Бакир Изетбеговиќ , ниту било кој од светски мешетари кои сакаат да не нема, а почнаа со тоа што сакаа да ни го укинат Денот на Републиката и да ни кажуваат дека РС не еона што нејзиниот народ го чувствува туку нешто тие што замислиле, рече Додик.

-Републиката како држава е битна. Република Српска и е држава. Република Српска со Дејтонскиот договор е внесена како територија во БиХ, има народ кој ја сакаше таа република, тоа се критериумите за држава. Постојат три критериуми за нешто да се нарече држава: територија, ефективна власт и народ кој ја сака таа држава. Што и недостасува на Република Српска? Ништо, порача Додик.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Додик: Вучиќ ќе победи за суверенитетот на Србија

Горан Наумовски