Македонската машка одбојкарска репрезентација нема да игра во баражот од квалификациите за Европското првенство 2017 година.
Она од што најмногу стравуваа тоа и се случи, Иако, црвено-жолтите беа на чекор до освојување на второто место во Ф квалкифкаиската група, сепак на крајот завршија како трето.
Пред црвено-жолтите е рангирана репрезентацијата на Естонија која на големо изненадување на добрите познавачи на одбојката, ја соладаа селекцијата на Чешка со максимали 3:0 во сетови.
Несфатлив е овој убедлив пораз на домаќинот на вториот квалификациски турнир, ако се и ма во предвид дека чешките одбојкари до овој меч имаа максимални пет победи (над Естонија со 3-0), и со само два загубени сета, а сега трите со сета од Естонија ги загубија убедливо со 25:17, 25:13 и 25:21.
Македонските одбојкари може да жалат за пропуштеното, особено за поразот на првиот турнир во Романија каде го загубија директниот дуел со Естонија по голема борба со 3:2.
Така, пласман на ЕП догодина директно обезбеди Чешка, а Естонија ќе игра во баражот, додека за Македонија и Романија овој квалификациски циклус е завршен.