А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за двајца крадци од Скопје

by А1он25/09/2016 - 13:37214
Share0

Секторот за внатрешни работи-Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против Д.Е.(21) и К.С.(21), и двајцата од Скопје поради основано сомнение дека извршиле три кривични дела „тешки кражби“ и при тоа се стекнале со противправна имотна корист од околу 267.000 денари.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти денеска МВР, на првопријавениот од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Кривичните дела пријавените ги извршиле во временскиот период од 30 јуни до 20 јули годинава на подрачје на Центар.

Првото кривично дело е извршено на булеварот „Мајка Тереза“ во гостилницата „Кај Гурман“. Осомничените откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого, првопријавениот со употреба на погоден алат насилно го скршил стаклото од лизгачката шалтерска врата и со посегање на раката ја отворил вратата од шалтерот. Влегол внатре, извршил пребарување и претурање во кујната и другиот простор, каде пронашол и украл еден телевизор, плински боци, плинско решо и околу 1.000 денари. Второпријавениот чувал стража и откако не биле забележани од никого, го напуштиле местото на настанот. 

Второто кривично дело го извршиле на улицата „Васил Главинов“ во кафе бар „Гарсон“. Таму се приближиле до влезната врата и со насилно кршење на термопан излог стаклото направиле отвор, влегле во објектот каде извршиле претурање и пребарување во шанкот. Пронашле и украле неколку шишиња со разни алкохолни пијалоци, два звучника и други предмети. 

Третото кривично дело го извршиле на булеварот „Св.Климент Охридски“ во „Скопски фенери“. Откако ја прескокнале оградата, со погоден предмет првопријавениот делувал меѓу крилото и рамката од еден прозорец, го отворил и влегол внатре, каде извршил претурање и пребарување. Пронашол и украл поголема количина алкохолни пијалоци, кафе, парични средства како и еден паричник со пари и документи, додека второпријавениот чувал стража.

На 16 септември 2016 во просториите на ПС ОН Центар извршен е службен разговор со првопријавениот Д.Е., а додека по К.С. се трага.

Против пријавените и претходно се поднесени кривични пријави. Против Д.Е. поднесени се 20 кривични пријави во Свети Николе, Струга, Велес, Охрид и Скопје од областа на имотните деликти. Против К.С. претходно се поднесени 13 кривични пријави во Крива Паланка, Охрид и Скопје од областа против половата слобода и половиот морал, кривични дела против животната средина, кривични дела против имотот и кривични дела против безбедноста на сообраќајот.

kradec

Би можело да ве интересира

На дело е уапсен малолетен крадец од Прилеп

Горан Наумовски14/12/2024 - 15:55

МВР: Приведен е крадец осуден на 10 години и девет месеци затворска казна

Горан Наумовски19/09/2024 - 15:36

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Горан Наумовски17/09/2024 - 21:41

Осуденик излегувал од затвор за да краде и ограбува

Горан Наумовски14/09/2024 - 10:55

Полицијата уапси крадец кој ограбил две куќи

Горан Наумовски31/08/2024 - 10:2731/08/2024 - 12:57

Полицијата уапси крадци, пронајдени се и украдените предмети

Горан Наумовски21/07/2024 - 10:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен