Спасовски: Мора да им помогнеме на семејствата на загинатите бранители

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го прогласи за отворен меморијалниот турнир во мал фудбал „Македонски херои“, што се одржува во чест на загинатите бранители од 2001 и 2015 година, а е под покровителство на Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски рече дека преку овој меморијален турнир во мал фудбал уште еднаш им се оддава почит на нашите херои, кои во моментите кога беше најтешко застанаа на браникот на татковината и го дадоа животот за својата држава.

– Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи и јас како министер секогаш ќе бидеме тука за да им помогнеме на семејствата на овие големи луѓе. Особено затоа што сме свесни за фактот дека овие семејства се соочуваат со сериозни животни проблеми, какви што се невработеноста и беспарицата и покрај фактот што сите ние сме практично нивни должници. Институциите мора да ја прекинат праксата на декларативно и пропагандистичко злоупотребување на нивните судбини и суштински да им помогнат на овие семејства – рече министерот Спасовски.

Тој потсети на фактот дека некои од овие семејства се уште водат судски спорови со државата, што е несфатливо и недозволиво.

– Неверојатен е фактот дека наместо помош, семејствата на овие херои се уште се малтретираат по судови, a 14 семејства на загинати бранители сеуште немаат добиено обештетување од државата. Ваквата политика на неодговорните политичари мора да заврши. Наместо судските покани, да им ја дадеме нашата почит и благодарност. Ние сме должни да се грижиме за овие семејства! Должни сме пред нашите херои и тоа мора да го направиме и ќе го направиме“, рече министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол