Македонската машка одбојкарска репрезентација е пред клучниот меч со Романија во квалификациите за Европското првенство 2017 година.
По вчерашната победа над Естонија (3:1 – прва во квалификациите), како и поразот на Романија од Чешка, ги врати надежите на македонските одбојкари за освојување на второто место во Ф групата.
Во пресрет на последното 6.коло, Чесите се убедливо први и сигурни патници на ЕП. За втората позиција ќе се борат Македонија и Романија.
Победа од 3:0 или 3:1 би ја рангирал Македонија пред Романија, а потоа црвено-жолтите ќе очекуваат победа на фаворитот Чешка против Естонија со ист резултат 3:0 или 3:1.
Доколку бидат исполнети овие услови тогаш македонските одбојкари ќе завршат како второ пласирани, а со тоа ќе се изборат и за бараж дуел преку кој би бркале пласман на завршницата на континенталниот шампионат.
Во пресрет на последното коло изгледот на табелата е: Чешка 15 бодови, Романија 6, Естонија 5 и Македонија 4.