Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе биде отворен Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители од 2001 и од 2015 година.
Организацискиот одбор на турнирот е составен од претставници на министерствата за внатрешни работи и за одбрана, и од Здружението на загинатите бранители од 2001 година „Македонски херои“.
Меморијалниот турнир во мал фудбал е под покровителство на Министерството за внатрешни работи и ќе го отвори министерот Оливер Спасовски.