Репрезентацијата на Естонија е можност за најдобрата македонска одбојкарска репрезентација да ја оствари првата победа во квалификациите за Европското првенство 2017 година.
По вчерашниот пораз од Чешка, вкупно четврти во овој циклус од квалификациите, македонските одбојкари денеска против Естонија ќе се обидат да ја остварат првата победа во квалификациската Ф група за пласман на континенталниот шампионат.
Шансите за освојување на второто место се сведени на теорија, па затоа македонските одбојкари ќе мораат да остварат две максимални победи, а притоа Романија да не освои ниту еден бод.
Потсетување дека на првиот меч на турнирот во романскиот град Крајова победа остварија Естонците со 3-2.
Дуелот Македонија – Естонија ќе се игра денеска со почеток од 15 часот, додека средбата Чешка – Романија ќе започне од 18 часот.
Табела: Чешка 12 бодови, Романија 6, Естонија 5 и Македонија 1.