Битолчанец загина при судар со воз

Од:

Битолчанец (56) загина откако утринава во возилото што тој го управувал удрил патнички воз на железничката пруга Битола – Скопје. Од силината на ударот, такси возилото било влечено тристотини метри по шините, при што возачот го загубил животот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола извршил увид на лице место. Издадени се наредби за обдукција на телото на починатиот и анализа на крв за утврдување на евентуално присуство на алкохол. По проверките направени на лице место утврдено е дека нема присуство на алкохол кај машиновозачот.

Истражните дејствија продолжуваат во насока на откривање на причините за случената несреќа.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје