(ВИДЕО) Ѓорчев: Има 800 илјади Вмровци сосе нивните деца

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во улога на претседател на комисијата за политички систем држеше партиски говор пред пратениците. Освен обвинувањата дека Катица Јанева е партиски кадар на СДСМ, според него, она што опозицијата го нарекува злосторничко здружување се 500 илјади гласови.

– Вмровската компонента е 500 илјади гласови, а сосе деца е 800 илјади граѓани, така што, почитувани господо од СДСМ, 800 илјади луѓе не можете да прескокнете. Таа Вмровска компонента во континуитет го поразува СДСМ, рече Ѓорчев.

Тој обвини дека новата уредничка на првата програма на Јавниот сервис, Санта Аргирова е партиски кадар, исто како што, според него, била претходно Лидија Димова и дел од кадрите на опозицијата.

– Не се губи Вмровската компонента во Македонија, 800 илјади граѓани не можат и нема да бидат злосторничко здружување. За злосторничко здружение ВМРО било прогласено и помеѓу двете светски војни. Повелете, еден ден кога сето ова ќе заврши и кога се ќе биде историја, кога нема да бидеме тука, во некој нов музеј на Македонската револуционерна борба ќе се види кој неосновно обвинувал и кој се борел за националните интереси. Ќе се види кој ја крепел Република Македонија, кој се борел за самобитноста на Република Македонија, кој сакал нашиот народ да одлучува, рече Ѓорчев.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Георгиева: Буџетот за 2026 покажува дека Владата води одговорна и умерена економска политика

Петкоска: Зборуваме за буџет што предвидува раст од 3,8%, односно планиран е раст со мерка додека претходната влада трошеше без мерка

Стојаноска: Со Предлог буџетот за 2026-та година се подобруваат социјалната заштита и пензиите

Бојковска: Овој Предлог-буџет ги поддржува студентите и создава услови кои младите ги заслужуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Разрешени се Стоилев и Стоиловски од партиските функции, на Конгресот ќе присуствуваат 800 делегати

Горан Наумовски

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ