Скопјанец дома чувал експлозив

Од:

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје реализираше случај на – “недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, при што против лицето В.С. (53) од Скопје поднесена соодветна кривична пријава, додека пак од страна на Истражен судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено, по претходно добиено оперативно сознание дека В.С. во својот дом недозволено чува експлозивни материи, Единицата за недозволена трговија превзеде соодветни мерки и активности за обезбедување на материјални докази.

По извршените дополнителни оперативни проверки, по претходно обезбедена судска наредба извршен е претрес на домот на пријавениот. При претресот пронајдени се: две парчиња пластичен експлозив завиткани во хартија , две детонаторски каписли со жица, два уреди за активирање на експлозив со ознаки “Уси-Трибл8901“ со две излезни жици, два пригушувачи “Жироскопи АП М-70“„ две батерии “Мега 9-V“.

По завршување на претресот В.С. е приведен во службените простории на СВР Скопје ЕНТДО, а ККИ ЕНТДО сеуште работи на дорасчистување и документирање на случајот околу потеклото на експлозивот и евентуална инволвираност на други лица во случајот.

Пријавениот минува во евиденциите на МВР како сторители на кривични дела од областа на имотните деликти.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата