Џонсон: Велика Британија ќе ја започне процедурата за напуштање на ЕУ во почетокот на 2017 година

Од:

Велика Британија ќе ја започне формалната процедура за напуштање на ЕУ во почетокот на следната година и можеби нема да има потреба за реализирањето да се преговара две години, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

– Сега разговараме со нашите европски пријатели и партнери за очекувањето дека во првата половина на следната година ќе го активираме членот 50, истакна Џонсон.

Тој, нагласи дека во формалното известување, кое Лондон по тој повод треба да го упати кон Брисел, „Велика Британија ќе изнесе некои предлози“.

Како што вели Џонсон, веројатно процесот за излез на Велика Британија од ЕУ нема да трае две години.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство