Поранешниот бразилски министер за финансии, Гидо Мантега е уапсен во врска со корупцискиот скандал со државниот нафтен гигант Петробраз, соопштуваат западни медиуми, повикувајќи се на полицијата.
Мантега беше министер за финансии повеќе од осум години во време кога претседатели на државата беа Луис Инасио Лула да Силва и Дилма Русеф.
Мантега е уапесен ова утро во болница во Сао Паоло, потврди неговиот адвокат.