Кривична пријава за „затајување данок“ во авто школа „Делта среќа“ Кочани

Од:

СВР Штип до штипското јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правното лице авто школа „Делта среќа“ дооел Кочани и против нејзиниот управител С.С.(49) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сториле по едно кривично дело „даночно затајување“.

С.С., како управител, од јануари до декември лани со намера автошколата да одбегне делумно плаќање данок, давал лажни податоци за приходите на „Делта Среќа“. Тие биле основица за пресметка на данок на додадена вредност, персонален данок и данок на добивка, со што по основ на неприкажани и неплатени даноци во износ од 338.220 денари кој надминува пет просечни плати за фискалната 2015 година го оштетиле Буџетот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина