(ВИДЕО) СДСМ: Инфраструктура за велосипеди, еколошки градски превоз и повеќе зелени површини

Од:

„Тука сме денес на улиците на Скопје, на денот кога автомобилите ги заменуваме со велосипеди, во склоп на дефилето на Eвропската недела на мобилност.

Во градот кој e еден во најзагадените во Европа и пошироко, во градот во кој секој ден имаме се помалку зелени површини поради лошото урбанистичко планирање, во градот во кој секој ден се сечат дрвjа заради дивеењето на урбаната мафија, во градот во кој не се дише.

Квалитетот на животната средина и квалитетот на воздухот што го дишеме се фактори кои влијаат врз нашето здравје.

Тука сме ваквиот начин на здраво живеење да го поддржиме и се разбира нашите заложби ќе бидат ова да се постигне.

Изградбата на инфраструктура за возење на велосипед, поддршка на еколошкиот градски превоз, зголемувањата на зелените површини во градот Скопје ќе бидат наши приоритети за зачувување на животната средина и за квалитетен воздух за дишење“, изјави Пеце Мирчевски, член на Извршниот одбор на СДСМ, по повод, Денот без автомобили.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он