Ако до сега не сте направиле слатко од аронија …
Потребно е:
450 гр аронија
450 гр шеќер
75 мл вода
1/2 лимон, исечен на тркалца
Подготовка:
– Исчистете ја аронијата и убаво измијте ја.
– Во едно тенџере сипете ја водата па редете ред аронија, ред шеќер. Последниот ред треба да биде од шеќер.
– На шеќерот наредете ги парчињата лимон.
– Вклучете ја ринглата на повисока температура додека да почне да врие. Потоа смалете ја температурата и варете го слаткото уште 30-тина минути, односно додека зрната аронија не омекнат убаво. Не го мешате слаткото додека се вари туку само протресете го тенџерете во кое се вари.
– Готовото слатко сипете го во врели теглички и затворете ги со капак.
– Ставете ги на ладно и темно место до употребата.