Во Газиантеп направен најголемиот ашур во светот

Од:

Популарната ориентална слатка ашур од преку три тона беше приготвена во турскиот град Газиантеп, како симбол на мир, но и со цел да влезе во Гинисовата книга на рекорди, пишува турскиот весник на англиски јазик „Дејли Сабах”.

Се смета дека десертот, познат и како „Пудингот на Ное”, датира уште од времето на библискиот лик (меѓу другото, и пророк на Исламот). Ашурот е смеса од слатки и солени состојки, која го симболизира единството на различните етнички и религиозни групи.

Екипа од 27 готвачи го приготви десертот, за да го одбележи Меѓународниот ден на мирот, кој секоја година се чествува на 21 септември. Масата на ашурот изнесуваше точно 3.192 килограми. Намирници за составот – пченица, јатки и смокви, беа испратени од целата земја, како и од цел свет.

Освен со вкусната храна, Газиантеп последниве години стана познат и како прифатилиште за огромниот број бегалци од соседна Сирија.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава