Шинѕо Абе: Потребни се нови начини за да се спречат заканите од Пјонгјанг

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе порача на заседанието на Генералното собрание на ОН дека светот треба да најде нови начини да ги спречи заканите од Северна Кореја, откако Пјонгјанг, кој одамна е под меѓународни санкции, изврши повеќе нуклеарни и ракетни тестирања.

– Нема алтернатива за пораката дека таа закана добила димензија, која е целосно различна од она што досега се случувало, истакна Абе, додавајќи дека заканата од Пјонгјанг кон меѓународната заедница станува се посериозна и пореална.

Затоа, како што тој наведува, потребни се нови начини да се одговори на таа закана, „целосно поинакви од она што го применувавме досега“.

Абе не потенцира за какви точно акции станува збор, но најави дека Јапонија ќе го искористи своето место на непостојана членка на Советот за безбедност на ОН да истражи нови опции.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио