Ѓорѓиев: Од Чешка да се вратиме барем со една победа

Од:

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев посакува „црвено-жолтите“ да остварат барем една победа и на тој начин да ги завршат квалификациите за Европското првенство 2017.

– Ни се случија некои повреди, некои многу лоши моменти и ние за жал не мислевме на одбојка, туку на други работи. Сето тоа се виде на натпреварите во Романија. Ситни детали го одлучија победникот. Не очекува турнир во Чешка, играме со истите противници. Мораме да направиме барем една победа и најбитно од се да се вратиме без повреди. Не се предаваме, но во ситуацијата во која сме ова е најреалното нешто, истакна на денешната прес-конференција капитенот Ѓорѓиев.

И селекторот Николај Жељасков е убеден дека македонските одбојкари можат да освојат некој бод.

– Можам да кажам дека само на дуелот со Романија одигравме под нашето ниво, а на другите две средби нијанси го одлучија победникот. Причините за поразите го гледам во проблеми со повредени играчи, големи очекувања од овие квалификации и проблеми во репрезентацијата кои не можеа да се решат во тој момент. Генерално одигравме добри натпревари со оглед на состојбата во која се наоѓаме, потенцира селекторот.

Теоретски Македонија има се уште шанси да се пласира на Европското првенство, а еден од предусловите е да ги добие сите три меча на турнирот во Чешка.

– Наша цел е да се обидеме да победуваме на секој натпревар и верувам дека играчите ќе го дадат максимумот и на следниот турнир. Желба постои и овие играчи имаат квалитет да победат иако играат и со екипи посилни од нас. Продолжуваме да се бориме се додека имаме шанси, рече Жељасков.

Македонија следниот викенд во Чешка го игра вториот квалификациски турнир за евро-шампионатот во Полска 2017 година. На првиот турнир одигран во Крајова, Романија, македонскиот национален забележа три порази, од домаќинот, од Чешка и од Естонија и на теорија ги сведе шансите за пласман на ЕП.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ