Владата ќе гради автопат до Охрид

Од:

Владата на Република Македонија е цврсто решена да ја подобри патната инфраструктура во земјава и во изминатиот период континуирано имплементираме повеќе проекти со кои се овозможи изградбата на голем број нови локални патишта, реконструкцијата на регионални патишта, но и изградба на автопат – во делот на комплетирање на патниот Коридор 10.

Ова во интервју за економски.мк го истакнува министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

-За дел од патиштата кои претходно беа предвидени да се градат по пат на концесија, со оглед на тоа што немаше интерес од страна на компаниите, ние овозможивме алтернативен извор на финансирање. Користејќи ги преференцијалните кредитни линии, во соработка со „Експорт Импорт Банката“ на Кина планирана е изградба на патните правци Миладиновци – Штип, Штип – Кочани, Кичево – Охрид и Охрид – Св. Наум. Во текот на изминатиот период остварени се средби со повеќе заинтересирани компании кои искажаа сериозен интерес за учество во проектот. На маргините на Конференцијата на Секретаријатот за соработка помеѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа и првиот состанок на Националните координатори, Амбасадорот на Република Македонија во Народна Република Кина, г-дин Оливер Шамбевски го потпиша взаемно усогласениот текст на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Македонија и Експорт Импорт Банката на Народна Република Кина. Очекуваме наскоро да ги комплетираме процедурите и во првиот квартал на 2013 година да започнат градежните активности на делницата Миладиновци – Штип, за која и веќе е изработена целокупната документација, посочува Јанакиески.

Согласно заклучок на Владата на Република Македонија, во текот на месец октомври 2012 година потпишан беше договор за давање на консултантски услуги со Меѓународната Финансиска Корпорација (IFC), која е ангажирана како финансиски трансакциски консултант за изградба, одржување и наплата на патарина на делницата Гостивар – Кичево и одржување и наплата на патарина на делницата Скопје – Гостивар, додава тој во за економски.мк.

Според договорот, консултантот ќе има задача да обезбеди консултантски услуги и изработка на студии и анализи, а исто така до Владата на Република Македонија да предложи финансиски модел и мерки на имплементација на проектот за концесија на патните правци. Ангажманот на консултантот ќе биде се до моментот кога Владата ќе потпише договор со потенцијалниот најповолен понудувач.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада