МВР: Не е пријавен ниту еден случај на киднапирање деца во Скопје

Од:

Во Министерството за внатрешни работи досега не е пријавен ниту еден случај на киднапирање деца во Скопје од организирана група, соопшти денеска МВР.

– Во врска со информациите кои последните денови се појавуваат на социјалните мрежи дека наводно неколку деца се грабнати или пак имало обиди за грабнувања и киднапирања на деца на територијата на град Скопје од организирана група, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги информира граѓаните и жителите на главниот град дека досега во Министерството не е пријавен ниту еден ваков случај, стои во соопштението.

Воедно, од МВР апелираат до граѓаните, доколку забележат сомнителни лица во нивните реони, во нивните улици или пак ако слушнат за вакви или слични настани веднаш да пријават на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина