Ерик Максимилијан на светот дојде на несекојдневен начин, неговата мајка Оскана Кајзер, лично со минимална помош на лекарите го излвече со нејзините раце од нејзиниот стомак. Тоа се вика „царски рез со мајчина помош“.
Станува збор за нов метода, кој првпат во Европа е изведен во болница во германскиот град Бад Оајнхаузен, пишува германскиот весник „Билд“.
Мајката Оксана (30) нежно со рацете го фатила бебето, а потоа го повлекла под будното око на лакарот, кој со мал рез го отворил нејзиниот стомак.
Новиот метод се вика „царски рез со мајчина помош“, процедурата во многу детали потсетува на стандардните, мајката прима локална анестезија, а во породувањето се вклучува во завршниот момент кога бебето е подготвено да излезе од стомакот.
Докторот Манфред Шмит изјави дека најголем проблем при ова породување е мајката да биде целосно сигурна и при самото породување не дојде до пренесување бактерии на отворената рана.
Породувањето на Оксана Кајзер мина без компликации.
– За мене ова е вообичаено породување, бев среќна во тој момент, изјави искусната мајка.
Имено на Оксана Кајзер ова и беше петто породување, првото бебе го родила со царски рез, а следните три деца по природен пат.