Реконструиран и третиот дел од улицата „Ленинова“

Од:

И третиот дел од реконструкцијата на улицата “Ленинова“ е завршен. Општина Центар ги заврши работите на улицата на потегот од булеварот “Партизански Одреди“ до улицата “Орце Николов“.

За коловозот, кој е во должина од 310 метри, имаше секојдневни реакции од граѓаните, бидејќи беше во многу лоша состојба, со ударни дупки и прекопи, кои беа опасност за безбедноста и на возачите и на пешаците.

Оштетениот тампонски материјал беше изваден и вграден нов тампонски слој, поставен е нов асфалт на цела должина на коловозот на овој дел од улицата, на површина 4500 м2.

На овој дел на улицата “Ленинова“, иако се работи за фреквентна и значајна улица, никогаш немало атмосферска канализација и затоа после секој голем дожд се создаваа вирови и се мешаше атмосферската со фекалната канализација.

Новата атмосферска канализација, во должина од 160 метри сега ги прифаќа атмосферските води од улицата.

Останува уште еден дел за комплетна реконструкција на “Ленинова“. Потегот од булеварот “Партизански Одреди“ до Клубот на пратеници, општина Центар ќе го обновува наредната година.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории