Во изминатите четири години Србија на враќање на својот надворешен долг одвои 14,5 милијарди евра, објави Политика.
Станува збор за обврски кои ги плаќале државата, банките и стопанството. Од тој износ дури три милијарди се камати.
Мирослав Здравковиќ уредник на сајтот макроекономија.орг, вели дека тие износи покажуваат нормално сервисирање на надворешниот долг.
– За плаќање на надворешниот долг месечно плаќаме вкупно 303 милиони евра. Во просек по 10 милиони евра дневно доколку сметаме и неработни денови. Во тие 14 милијарди евра, каматата учествува со три милијарди евра што значи дека во просек плаќаме 63 милиони евра месечно или нешто повеќе од два ммилиона евра дневно, вели Здравковиќ.
Вкупниот долг на таа држава е зголемен за четири години за 4,3 милијарди евра од 20,530 милијарди во септември 2008 година на 24,832 милијарди евра во септември оваа година.