Извршен увид за сообраќајката во Битола во која загина жена

Од:

Битолското Јавно обвинителство извршило увид за сообраќајната несреќа што се случи утринава во Битола, во која животот го загуби едно лице.

Сообраќајката, како што информираат од Обвинителството, се случила кога возило „фолксваген пасат“ удрил во дрво. Од силината на ударот на лице место животот го загубил совозачот, 44-годишна сопруга на возачот на автомобилот. Возачот, 49-годишен жител на Крани, преспанско, со тешки повреди е пренесен во болница за добивање медицинска помош.

Јавен обвинител заедно со екипи од МВР извршил увид на лице место и издал наредби за земање крв и урина од возачот, за сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење обдукција на телото на починатата.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина