Кремаста торта со Плазма бисквити

Од:

Потребно е:
18 јајца
30 лажици шеќер
15 лажици мелени Плазма бисквити
250 гр шеќер во прав
250 гр маргарин
250 гр путер
300 гр мелени Плазма бисквити
500 гр шлаг во прав
1/2 л минерална газирана вода

Подготовка:
– Треба да добиете три кори. Во еден сад изматете 6 белки во цврст шлаг. Постепено додадете 10 лажици шеќер со постојано матење. Потоа додадете 6 лажици мелени бисквити и имешајте со лажица.

– Смесата сипете ја во намастена и посипано со брашно тава и ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени 30-тина минути. Испечете три вакви кори.

– За филот изматете 18 жолчки со 250 гр шеќер во прав. Ставете да се вари на пареа да се згусне со постојано мешање. Оставете да се излади.

– Во горната смеса изматете 150 гр маргарин, 150 гр путер и 300 гр мелени бисквити. Оставете убаво да се излади.

– За тоа време изматете го шлагот со 1/2 л минерална газирана вода.

– Преминете на филување на тортата. Ставете една кора од белки, одозгора распоредете 1/3 од филот со бисквити и на крај премачкајте со 1/3 од шлагот. Истата постапка повторете ја со сите кори. На крај целата торта премачкајте ја со шлаг или пак со растопено чоколадо.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ