Научна конференција по повод 70 години Институт за педагогија

Од:

Институтот за педагогија при скопскиот Филозофски факултет, од денеска до 21 септември во Охрид организира Mеѓународна научна конференција на тема „Педагогијата во современото глобално општество“.

Поводот е одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на Институтот за педагогија, еден од најстарите институти на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На Меѓународната научна конференција ќе учествуваат универзитетски професори и стручњаци од Македонија, Италија, Финска, Германија, Русија, Турција Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија и др.

Научната конференција, според најавата од организаторите, ќе биде можност за разгледување на актуелни прашања и проблеми на воспитанието и образованието кои денес поминуваат низ  состојба на криза и експанзија, на глорификација и негирање, на противречности меѓу теоријата и практиката.

На конференцијата ќе бидат разменети современи научни сознанија и позитивни практики за воспитанието и образованието согледани низ призмата на новите глобални општествени случувања.

Би можело да ве интересира

Ќе се прави анализа на работата на сите државни и приватни универзитети и факултетите

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Владата го одобри Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

Факултетите денеска почнуваат со настава

Катерина Ѓуровски

Официјално отворање на „Јунус – Центар за социјални бизниси“

Ана Ололовска

Прв академски час на факултетите

Ана Ололовска