Корупцијата е како дрога од која луѓето стануваат зависни, изјави денеска папата Франциско во обраќањето до католичните вернци по редовната неделна миса на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.
– Кога е во прашање корупцијата, некои луѓе се однесуваат кон неа како да е дрога. Мислат дека можат да престаат со неа кога ќе посакаат, рече понтифот.
Според него, слично како и со дрогата и со корупцијата се почнува „со мали количества овде, па со зголемување онде“.
– Корупцијата предизвикува зависност која доведува со сиромаштија и страдање, додаде папата.