Раул Кастро побара крај на американската блокада против Куба

Од:

Кубанскиот претседател Раул Кастро побара „да биде ставен крај на економската, трговската и финансиска блокада на САД“ против Куба.

Тој ова го изјави на самитот во Венецуела на Движењето на неврзаните, соопшти агенцијата Пренс Латина, пренесува ТАСС.

Во говорот, кубанскиот лидер ја осуди „непријателската политика, која со својот екстериториален карактер предизвикува штета и на други земји“. Покрај тоа, Кастро побара на Куба да и биде вратена територијата незаконски окупирана од поморската база на САД во Гвантанамо, посочува ТАСС.

Тој рече дека 21 месец по објавениот, од кубанското и американското раководство, курс кон нормализација на односите постои напредок во дипломатската сфера и билатералната соработка. Кастро изјави дека сепак не стојат така работите и во трговската и економската сфера „поради ограничувања, иако и позитивен карактер на мерките преземени од Белата куќа”.

За нормализирање на односите со САД, рече тој, освен крај на блокадата и враќање на Гвантанамо, потребно е да се стави крај на политиката на кршење на суверенитетот на Куба, на пример преку субверзивни програми и мешање во внатрешните работи.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија