Возачот на Мерцедес Нико Розберг ќе стартува од првото место на трката во Формула 1 за Големата награда на Сингапур, која ќе се вози со почеток од 14 часот.
Даниел Рикардо од Ред Бул ќе тргне од втората позиција, додека трето време во квалификациите оствари лидерот во генералниот пласман и актуелниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес.
Покрај него, од вториот ред, ќе почне Макс Верстапен од Ред Бул.
Петтата стартна позиција е за Кими Раиконен, а веднаш до него во третиот ред ќе биде Карлос Саинц.
Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел од Ред Бул ќе стартува од последното место поради проблеми со болидот.