Интересно наполнето пиле …
Потребно е:
1,4 кг пиле
120 гр јувки
2 јајца
сол
80 гр путер
морско оревче
сецкан свеж магдонос
пилешка супа
1 помала главица кромид
1 јаболко
Подготовка:
– Во посолена вода сварете ги јувките ал денте (внимавајте да не ги преварите, треба да останат малку крцкави). Исцедете ги. Магдоносот ситно исецкајте го.
– На пареа изматете ги јајцата и путерот. Тргнете го садот на страна и матете додека не се изладат. Потоа додадете ги јувките и магдоносот. Зачинете со сол и морско оревче.
– Исчистеното пиле наполнете го со горната смеса. Отворот затворете го со чепкалки за заби или пак зашијте го со кујнски конец.
– Пилето ставете го тава, намачкајте го со путер и прелијте со пилешка супа. Од страна ставете ги кромидот и јаболкото исецкани на четвртинки.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 75 минути. Додека се пече пилето во повеќе наврати преливајте го со течноста од тавата.
– Печеното пиле оставете го малку да отстои пред да го сечете. Послужете го со зелена салата.