Машката одбојкарска репрезентација на Македонија денеска ќе го игра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
По вчерашниот убедлив пораз од Романија (0-3), македонските одбојкари денеска за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Чешка, која во 1.коло славеше убедлива победа над Естонија со 3-0.
Дуелот Македонија – Чешка кој се игра во рамките на Ф квалификациска група чиј домаќин е романскиот град Крајова ќе започне од 17 часот. Во вториот меч од групата ќе играат домаќинот Романија и селекцијата на Естонија.
Вториот турнир ќе се игра во чешкиот град Јаблонец од 23 до 25 септември, а пласман на ЕП ќе обезбеди само првопласираната селекција, додека второ рангираната ќе игра во баражот.