Неодамнешна анкета покажала дека една од пет мајки се кае поради името кое го одбрала за своето дете, јавува Гардијан.
Некои од причините поради кои мајките се каат за името на детето и би сакале друго име, се асоцијациите кои ги поттикнува името. Така една мајка објаснила дека името на нејзината ќерка го земала една терористичка група недолго по нејзиното раѓање. Друга мајка објаснила дека на ќерката и дала име Елса, а набрзо потоа излегол цртаниот филм „Frozen” во кој главниот лик го носи тоа име.
Меѓутоа, најголема причина за каење поради името е таа дека името е премногу често. Дури 25 отсто мајки кои на децата би сакале да им дадат друго име, рекле дека не им се допаѓа тоа што го слушаат насекаде. Нешто над 10 отсто мајки рекле дека името не му е прилагодено на нивното дете, а 11 отсто дека не е доволно посебно. Уште 11 отсто мајки рекле дека името е такво што на детето му создава проблеми во неговото пишување или изговор. Скратените верзии на имињата се причина поради која 6 отсто мајки не го сакаат името на своето дете.
Иако незадоволни од имињата кои ги носат нивните деца, мал број мајки се одлучиле да ги променат, само 6 отсто од нив. За тоа размислуваат уште 33 отсто мајки.
Меѓутоа, некои мајки велат дека се откажале од тоа кога виделе дека нивните деца го прифаќаат своето име и дека со тек на времето како што растат, името се повеќе станува дел од нив.
„Како што расте, мојата ќерка станува се помалку една од многуте, а се повеќе посебна индивидуа. А името оди со таа индивидуа” – рекла една мајка која исто така зажалила поради изборот на името на своето дете.