Синоќа во 23.30 часот С.В. пријавил дека во КПУ „Идризово„ чуварот Г.Ф. бил нападнат со нож од осудено лице Р.С., соопшти денеска МВР.
При нападот чуварот се здобил со телесна повреда во пределот на десното рамо и расекотина на десната рака-палец, по што бил пренесен во Ургентниот центар-Скопје за санирање на повредите, а потоа бил пуштен на домашно лекување.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.