Обвинителството во Бразил покрена обвинение за поранешниот претседател Да Силва

Од:

Бразилското обвинителство покрена обвинение за поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва, неговата сопруга и уште шест лица поврзани со скандалот за нафтената компанија „Петробраз“, јави БТА.

По првпат, Де Силва, кој и понатаму е најпопуларниот политичар во Бразил, и покрај обвиненијата за корупција против него и неговата Партија на работниците, е обвинет од федералното обвинителство дека е вмешан во голема корупциска шема со државната нафтена компанија.

На случајот на Де Силва, ќе работи антикорупцискиот судија Сержио Моро, кој осуди десетина бизнисмени и други лица кои се вмешани во шемата со нафтената компанија.

Де Силва може да биде обвинет за земање на луксузен апартман во државата Сао Паоло на брегот на Атланскиот Океан од една од градежните фирми која е во центарот на скандалот со поткупите.

Поранешниот претседател одрекува дека е сопственик на имотот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск