Германец криел злато и платина во ориз, откриен на ГП „Богородица“

Од:

На граничниот премин Богородица запленети се речиси еден килограм златна жица во парчиња и 57 грама платина во возило со германски таблички.

Возилото било управувано од германски државјанин, а со него имало и сопатник.

Златото и платината се пронајдени  при преглед на багажниот простор од возилото, во патничка торба со прибор за автомобил во пластичен сад наполнет со ориз.

По направената проценка од стручни лица констатирано е дека златната жица е со чистота од 24 карата, чија вкупна берзанска вредност изнесува 36 илјади евра, додека гранулите претставуваат благороден метал платина со берзанска вредност од 1.630 евра. Вредноста на непријавената стока изнесува 2.322.849 денари, а висината на избегнати царински давачки е 426.418 денари.

Против германскиот државјанин е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство поради поради основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење“. Судијата на претходна постапка при Основен суд Гевгелија на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје