Сладок крем од сирење и вишни

Од:

Освежителен десерт со сирење, вишни и крцкави лебни трошки …

Потребно е:
за кремот од сирење:
40 гр путер
40 гр шеќер во прав
изрендана кора од 1 лимон
3 јајца
400 гр свежо кравјо сирење
120 гр средината од бел леб исецкана на коцки

за преливот со вишни:
1 тегла компот од вишни
100 гр шеќер
1 стапче цимет
2 лажици нишесте

Подготовка:
–  Сите состојки треба да бидат на собна температура. Изматете го путерот со миксер да стане кремаст.

– Додадете ги шеќерот во прав и ренданата кора од лимон и убаво изматете.

– Потоа додадете ги јајцата со постојано матење.

– На крај додадете го и сирењето. Матете, но внимавајте треба да останат парченца од сирењето во кремата.

– Сега додадете го лебот исецкан на коцки и измешајте со лажица. Кремата изладете ја во фрижидер околу 2 часа.

– Вишните од компотот исцедете ги во цедалка. Сочувајте го сокот и во него додадете ги растопениот шеќер во вода и стапчето цимет. Ставете да се вари. Кога ќе почне да врие додадете ги и вишните и оставете да се варат околу 2 минути. Извадете го стапчето цимет и по потреба згуснете го преливот со додавање на 1-2 лажици нишесте. Измешајте и оставете го преливот на страна.

– Извадете ја кремата од фрижидер и вадете со лажица од кремот. Убаво обликувате ги парчињата со две лажици како кнедли. Во еден сад на рингла ставете вода колку да го покрие дното. Неколку кнедли од кремот ставете на помагало за варење на пареа и поклопете со капак. Варете ги 7-8 минути на лесна пареа.

– На неколку коцкички путер испржете домашни лебни трошки додека станат со златно-кафена боја. За да направите домашни лебни торшки средината од парчиња бел леб измелете ја во блендер.

– Послужете ги со топол прелив од вишни, одозгора посипани со пропржените лебни торшки и шеќер во прав.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава