Како да реагиратe на првата љубов од градинка?

Од:

Децата првпат се заљубуваат на пет или шест години од животот, велат експертите. Важно е родителите на време да ги забележат знаците на љубов, затоа што детето најверојатно нема да сака да зборува за тоа, но важно е тоа да го прифати како нормален дел од растењето. Еве како можете да ги „откриете“ симпатиите во градинка.

Детето се насмевнува веднаш кога ќе се спомне името на симпатијата, наеднаш се интересира за романтични сцени во цртаните филмови, си игра „семејство“.

Ако забележите дека разговара само со едно другарче, односно другарка или во градинката не се оддалечува до тоа дете време е родителите да постават прашања од типот: „Гледам дека секогаш си со Никола, дали се чувствуваш некако поинаку кога сте заедно“.

Мајките и татковците не би требало да ги форсираат вљубените деца и да ги испитуваат, туку да ги пушат тие да одлучат дали и како ќе им признаат.

Првите вљубувања не траат долго, но се силни

Многу е важно и возрасните да не ги закачаат, затоа што во подоцнежните години ќе одбегнуваат да им се доверат за нивните љубовни проблеми. Првите вљубувања не траат долго и децата брзо ги надминуваат, но чувствата можат да им бидат повредени ако симпатијата ги „остави“. Во тој случај родителите треба да им раскажат дека и тие кога биле мали имале иста ситуација и дека тоа не е ништо страшно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска