Грција ќе го приватизира автопатот Игнација

Од:

Грчките власти наредната недела ќе распишат тендер за приватизација на автопатот Игнација, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извори од грчкиот Фонд за развој.

Тендерот за приватизација е една од точките од договорот за исплата на под-транша од 2,8 милијарди евра за Грција. Со тендерот, автопатот Игнација ќе се даде под 35-годишна концесија.

Автопатот Игнација е грчкиот дел од европскиот автопат E 90. Тој се протега од пристаништето Игуменица до грчко-турската граница во Кипои. Долг е вкупно 670 километри.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит