Британскиот Парламент остро ја осуди интервенцијата во Либија и соборувањето на Гадафи

Од:

Британскиот Парламент остро ја осуди воената интервенција на Велика Британија и Франција во Либија, во 2011 година и нивното учество во соборувањето од власт на либискиот лидер Моамер Гадафи.

Во опширниот извештај на парламентарната Комисија за надворешна политика, се обвинува тогашниот британски премиер Дејвид Камерон што се определил за интервенција и ги испратил британските воздухопловни сили во воздушни напади врз либиската територија, без претходно да определи кохерентна стратегија.

На Камерон му се забележува што во Либија не ја искористил лекцијата од интервенцијата во Ирак, во 2003 година, па Лондон и Париз предводеа меѓународна коалиција против армиските сили на Либија, врз основа на заканата на Гадафи дека ќе ги уништи бунтовниците во Бенгази.

„Интервенцијата која беше оправдувана од заштитата на цивилите (во реонот на Бенгази) се претвори во соборување на режим“, се вели во заклучоците на парламентарниот Комитет за надворешна политика.

Овој Комитет заклучи дека владата во Лондон наместо да направи комплетна анализа пред да интервенира, имала само претпоставки, без докази, за она што во пролета од 2011 година се случуваше во Либија.

Камерон се брани дека за интервенцијата постоела меѓународна одлука, додека Форин Офисот инсистира дека интервенцијата била иницирана од Арапската Лига, а поддржана од Советот за безбедност.

Со помош на меѓународните сили, на кои им се приклучија и дел од земјите во НАТО, беше соборен Гадафи пред либиската армија воопшто и да се приближи до бунтовниците во реонот на Бенгази, а потоа и брутално ликвидиран.

Наместо воспоставување „демократска власт“ во Триполи, земјата остана поделена, веќе пет години без централна власт и безбедност на нејзините гранци, без контрола на државната територија, претворајќи се во терен за разни исламистички и терористички групи, како Ал Каеда и Исламска држава.

Оставена без контрола и само на разните исламистички милиции, Либија е локација од каде илјадници бегалци и економски мигранти се префрлаат преку Медитеранот во Европа.

Британската парламентарна комисија, му забележува на Камерон што не направил ништо за да се спречи хаосот, што сега владее во Либија.

Владата во Лондон се критикува дека не се обезбедила со сознанија кои навистина бунтовниците кои добија западна поддршка и кои меѓу нив се милитантни исламисти што веднаш потоа ја презедоа целата контрола.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски