Српскиот министер Вулин побара драстични мерки за намалување на бројот на мигрантите

Од:

Српскиот министер за труд, вработеност и социјална политика Александар Вулин изјави денеска дека ќе побара од Владата поконкретни мерки за намалување на неконтролираниот прилив на мигранти во Србија, со оглед на тоа дека меѓу нив има се поголем број бегалци, кои ги напуштаат домовите од економски причини, пишува белградскиот весник „Блиц“.

Вулин изјави пред новинарите дека ќе го стори тоа веднаш по враќањето на српскиот премиер Александар Вучиќ од Париз.

Тој нагласи дека е време на премиерот да му предложи некои подрастични мерки, бидејќи структурата на мигрантите се променила и меѓу нив има се поголем број економски мигранти.

– Имаме војска и полиција на границите, но можеби и бариерите или поставувањето на некакви пречки се едно од решенијата за намалување на бројот на мигрантите, рече Вулин.

Тој посочи дека Србија не може да биде земја, во која мигрантите ќе влезат, а потоа да не можат да излезат од неа.

Министерот додаде дека мигрантската криза била една од темите на средбата на премиерите на Србија, Бугарија и Унгарија, Александар Вучиќ, Бојко Борисов и Виктор Орбан, кои синоќа разговараа во Бургас.

– Тројцата премиери разговараа пред се за моменталната ситуација на мигрантската криза и посветија посебно внимание на промената на структурата на мигрантите, меѓу кои има се повеќе економски и изразија голема загриженост дека кризата се уште трае, рече Вулин.

Тој истакна дека се зголемува бројот на мигрантите и на периодот кој тие го минуваат во Бугарија, Србија и во голема мера и во Унгарија и „тоа е нешто за кое треба да се најде решение“.

– Нашите капацитети се близу до лимитот. Мигрантите остануваат значитечно подолго време од претходно и нивната структура е значително променета, рече Вулин

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград