Пратеник на ОН: Спорот за Кипар ќе биде решен до крајот на оваа година

Од:

Постигнат е голем напредок во разговорите за Кипар, а можно е и решение до крајот на годината, иако тоа звучи амбициозно, изјави норвешкиот специјален пратеник на ОН за Кипар Еспен Барт Еид.

Тој оваа изјава ја даде како одговор на прашањето на агенцијата АНА, дали е остварлива најавата на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, која ја даде кон почетокот на годинава, дека „проблемот со Кипар ќе биде решен до крајот на 2016“.

Еид истакна дека изјавата на Бан ја следеле бројни потврди од кипарскиот претседател Никос Анастасиадес и лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинци, додавајќи дека ќе биде потребна „напорна работа ветеното да се постигне“.

– Звучи амбициозно, но е можно. Разговорите во Атина беа токму на темите за безбедноста и гаранцијата кога ќе стигнеме до моментот кога на маса ќе биде поставено прашањето за меѓународните димензии, нагласи Еид.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ