Дали минималната плата овозможува пристоен живот?

Од:

Вчера (22.11.2012 г.) во Штип беше одржана јавна дискусија на тема „Дали минималната плата овозможува пристоен живот“.

Јавната дискусија беше организирана од страна на Прогрес – Институтот за социјална демократија, а на неа присуствуваа членовите на раководството на ОО СДСМ Штип, на чело со претседателот на ОО СДСМ Штип и шефот на ОИШ СДСМ Штип, претставници на ОО СДСМ Карбинци, како и претставници на штипските ограноци на партиите од Сојузот за иднината: ВМРО НП, Достоинство, Обединети за Македонија, ЛДП, ЛП и НСДП.

На јавната дискусија се зборуваше за како функционира во пракса законот за минимална плата, за јавниот дискурс и сиромаштијата, кои мерки се потребни за заштита на работничките права и овозможување на социјална сигурност.

Кандидатот за градоначалник на општина Штип од редовите на СДСМ, Здравко Коцев, во своето обраќање понуди конкретни решенија кои се однесуваат на тоа како да се остварат подобри работни односи и пристоен живот во општина Штип.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение