Македонскиот ракометен шампион Вардар попладнево ја оствари и третата победа во СЕХА лигата откако со 32:31 го совлада големиот ривал ППД Загреб. Со овој триумф „црвено-црните“ останаа на првата позиција со 10 бодови од четири натпревари, додека Загреб има една победа по два одиграни натпревара.
Во првото полувреме двете екипи се менуваа во водството, а во финишот „вардарци“ успеаја да се одлепат со три голови разлика 17:14 и со таа предност заврши и првиот дел (19:16). Во воведните минути од вториот дел гостите од Загреб успеаја да изедначат (22:22), но Вардар во 45.минута пак имаше +3 разлика (27:24) и оваа предност ја чуваше до самиот крај на натпреварот.
Најефикасни кај Вардар беа Алекс Душебаев со 8 голови и Тимур Дибиров со 7, додека кај Загреб најпрецизен беше Стипе Мандалиниќ со 9 голови.
Утре во рамките на СЕХА лигата се игра уште еден натпревар во Скопје, Металург е домаќин на екипата на Мешков Брест.