Нормализација на односите Белград – Приштина клучна за прием во ЕУ

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле изјави денеска дека нормализацијата на односите Белград-Приштина е неопходен услов за нивно конечно придружување кон ЕУ како партнери, со полни права и обврски, јави Танјуг.

– Го поздравуваме фактот што Србија и Косово се обидуваат да ги нормализираат односите. Тоа е од клучно значење за јакнење на добрососедските односи. А тие односи, од друга страна, се неопходен услов да им се дозволи во конечниот пристап на ЕУ како партнери – со полни права и обврски, рече Вестервеле.

Тој истакна дека Берлин во целост поддржува „брзи и амбициозни“ напори на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон, за да се постигне нормализација на тие односи.

Вестервеле, на конференцијата на министрите за надворешни работи на ЈИЕ во Берлин, побара од Белград и од Приштина да продолжат „силно и конструктивно“ да се ангажираат во преговарачкиот процес.

Шефот на германската дипломатија порача дека Унијата останува посветена на перспективата на проширување на земјите од регионот, наведувајќи дека „проширувањето останува наш стратешки приоритет“.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор