Двајца повредени од огнено оружје во Смесница

Од:

Две лица се повредени синоќа во тепачка во селото Смесница во општина Зелениково. МВР денеска соопшти дека тепачката настанала поради љубовна врска меѓу членови на две фамилии.

Двете повредени лица се здобиле со прострелни рани на градниот кош и биле пренесени во Градската општина болница „Наум Охридски“ каде се задржани на лекување.

Во тепачката учествувале  Д.К. и В.К. кои со пиштоли стрелале кон Џ.Д. (30) и Ф.Д. (25). Притоа, Џ.Д. се здобил со две прострелни рани во пределот на градниот кош, а Ф.Д. со една рана во  пределот на градниот кош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на Д.К. и В.К. и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип