Лидерот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ денеска изјави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата.
– По вчерашните резултати на вонредните парламентарни избори во Хрватска веќе нема да се кандидирам за лидер на СДП. Не планирам да учествувам на внатрепартиските избори и барам од партиските тела колку може побрзо да распишат избори, истакна Милановиќ на прес-конференција во Загреб.
Милановиќ, и пред официјалниот почеток на разговорите за постизборна коалиција, хрватските медиуми веќе го прогласија за најголем губитник на овие избори.
– Затоа неговото заминување од лидерската позиција на партијата е логичен чекор, признаваат неофицијално и блиски соработници на Милановиќ од СДП.
Во партијата засега не сакаат да шпекулираат околу тоа кој би можел по девет години да го замени Милановиќ, но од претходно се споменуваат Тонино Пицула, Синиша Хајдаш Дончиќ и Ранко Остојиќ.