УПОЗ: Ако не ни ги исполнат барањата повторно ќе штрајкуваме

Од:

Синдикатот на УПОЗ по денешниот Извршен одбор на Претседателството одлучи дека доколку судската власт преземе дејствија спротивни на барањата на штрајкувачите, штрајкот повторно ќе биде активиран.

„Беше оценето дека судската и извршната власт за време на штрајкот а и потоа, не пројавија никаков интерес и низ дијалог и преговори со Синдикатот да го решат настанатиот спор. Во овој период, најбезобразно демонстрираа ароганција, сила и моќ што кулминираше со незаконското казнување на учесниците во штрајкот. За извршната и судската власт ништо не значеа ниту укажувањата од Државниот инспекторат за труд и Народниот правобранител дека постапиле незаконито казнувајќи ги штрајкувачите. Исто така, ништо не значеа и укажувањата од Светската и Европската федерација на Синдикатите од јавниот сектор дека Владата на РМ и Министерството за правда должни се да преговараат со Синдикатот“, велат од УПОЗ.

Според УПОЗ, фактот што е формирана техничка влада уште повеќе придонесува за статус кво во состјбата со барањата на Синдикатот.

„Синдикатот на УПОЗ моментално не гледа сериозен и одговорен социјален партнер во сегашниот состав на Министерството за правда и Судскиот буџетски совет, а не сакајќи да ги изложи своите членови да бидат незаконски казнувани, да бидат малтретирани и да им се закануваат, донесе одлука штрајкот во судовите во Република Македонија да остане во мирување.

Ваквата одлука не значи дека Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација (ЗСА) како организатори на штрајкот се откажуваат од барањата. Тие и натаму низ институциите ќе ја водат битката, со поднесување на кривични пријави, судски постапки за враќање на незаконските одлуки за скратување на платите, тужба пред Меѓународната организација на трудот (МОТ) и ќе очекуваат одговорен социјален партнер кој ќе има слух за оправданите барања за работниците“, соопштуваат од УПОЗ.

Би можело да ве интересира

Синдикатот на контрола на летање: Имаме право на штрајк

Предраг Петровиќ

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Горан Наумовски

Грчкиот парламент денес гласа за воведување на 13-часовен работен ден

Горан Наумовски

Генерален штрајк во Грција, делумно суспендиран транспортот

Грчките државни службеници штрајкуваат 24 часа

Протестираат вработените во „Флораком“ и „Луна“, си ги бараат заостанатите плати