Алена Ихнева повеќе не е дел од македонскиот ракометен шампион Вардар, откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот.
Руската интернационалка игра на позицијата лев бек и дојде во Вардар пред две сезони. Заедно со екипата двапати ја освои двојната круна во Македонија, и двапати играше на Ф4 турнирот во лигата на шампионите освојувајќи го бронзениот медал.
Лани во Лигата на шампионките Ихнева постигна 15 гола, а во првата сезона 26.
– Ихнева изрази желба да замине, и тоа клубот го почитува давајќи и можност да продолжи во друга спортска средина. Две сезони ги бранеше боите на Вардар, и клубот е среќен што во своите редови имаше таков играч. На Алена и посакуваме многу среќа во спортската кариера и животот, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.