А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во ЦУК околу 300 пријави за штети од земјотресот

by А1он12/09/2016 - 13:25127
Share0

Околу 300 јавувања за пријава на штети на објектите во серијата земјотреси во скопскиот регион се регистрирани досега  во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Следете a1on на Instagram Instagram

Пријавите, како што информираат од ЦУК, во најголем дел се однесуваат на разурнати фасади, оштетени кровови, скршени прозорски окна.

Штети како последица од земјотресот вчера се пријавени  и во СВР Скопје, за оштетувања на повеќе патнички моторни возила, паднати плафони, искршени прозорски стакла на ОУ „Димитар Беровски“ во населбата „Ѓорче Петров“, во Институтот за македонски јазик, во објектот на МРТ, повеќе приватни куќи во село Батинци, Драчево, Гази Баба, Бит Пазар, Центар, а пријавено е и дека е паднат оџак од зграда во населба Железара.

Во ЦУК може да се пријават штети на отворениот телефон 195 или пак на меилот на ЦУК: [email protected].

Следете a1on на Youtube YouTube

Согласно препораките од вчерашниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи, екипи на ИЗИС и на скопските општини веќе вршат увид на првично пријавените штети

По пријавата на штетите, тимови предводени од Институтот за земјотресно инжинерство и инжинерска зеисмологија (ИЗИИС) треба да ги посетат  оштетените објекти и да направат увид во степенот на оштетување.

Управувачкиот комитет вчера ги задолжи сите општински кризни штабови во градот Скопје, како и кризниот штаб на Град Скопје, да извршат паралелно обиколка на сите определени места во нивната општина, особено за проверка на патната инфраструктура, како и на водоводната и канализациската инфратсруктура.

По вчера регистрираните 12 земјотреси во Скопје, послаб земјотрес беше почувствуван и денеска претпладне во 11 часот и 50 минути. Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информираше дека земјотресот бил со магнитуда од 2,3 според Рихтеровата скала, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Најсилниот земјотрес вчера е регистриран во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.

Надлежните институции посочуваат и на Упатството за самозаштита на граѓаните од земјотреси што може да се преземе на следниот линк: http://www.dzs.gov.mk/extra/doc/Upatstvo_-_zemjotresi.pdf .

zemjotres

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Гостивар и околината

A1on15/08/2026 - 17:5315/08/2026 - 17:54

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Шпанија: Прогласена вонредна состојба, евакуирани граѓани

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 10:0215/08/2026 - 10:03

Три земјотреси ја погодија околината на Сараево за само два часа

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 08:59

(ВИДЕО) Разорен земјотрес од 7,7 степени во Индонезија: Најмалку 20 загинати, издадено предупредување за цунами

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 08:5315/08/2026 - 08:54

Црн биланс во Колумбија: 281 загинат, илјадници повредени и десетици илјади уништени куќи

Горан Наумовски14/08/2026 - 16:55

Колумбија: Најмалку 265 загинати во катастрофалниот земјотрес, прогласена е економска вонредна состојба

Горан Наумовски13/08/2026 - 13:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео