Сириските бегалци се вклучија во справувањето со поплавите во Грција

Од:

Десетици сириски бегалци, коишто се привремено сместени во камп близу градот Трикала во централниот дел на Грција, се вклучија во снабдувањето со питка вода во поплавените села во таа област, јавува весникот „Катимерини“.

Десетици села во околината на Трикала останаа без питка вода, откако поројни дождови во саботата го поплавија водоводот, како и стотици хектари земјоделски површини. Локални медиуми јавуваат дека десетици Сиријци им се приклучиле на доброволците, општинските службеници и специјалните екипи на компанијата за водоснабдување во разделбата на шишиња питка вода по домовите.

Општината Трикала вчера издаде и специјална благодарница до бегалците за укажаната помош, додава весникот.

„Од ужасите на војната во доброволечки труд во поплавените села во општината Трикала. Од бомби и крвопролевања во опустошени живеалишта. Доброволниот труд, актот на несебичност и грижа за ближниот триумфираа во саботата”, стои во пофалното соопштение упатено кон бегалците во општината Трикала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит